Интервју со Елвис Мемети , советник за инклузија на Ромите во Кабинетот на Претседателот на Владата на РС Македонија: „ Сакам и замислувам ромска почитувана и слободна заедница која што е сложна, среќна и единствена„

Рома Тајмс: Колку сте задоволни од досегашните Ваши активности и напори  како Советник за Инклузија на Ромите.

Елвис Мемети: Како Советник за инклузија на Роми имам одговорност од позиција на највисоката хиреархија во власта,  да застапувам, иницирам, да советувам, координирам, да комуницирам со институциите, граѓанскиот сектор, со народот за политики, стратегии, планови и мерки поврзани со подобрувањето на инклузијата на Ромите.

Жал ми е што Ние како заедница од осамостојувањето на државата до денес, со сите наши ромски политичари до сега, не успеавме да бидеме вистински носители на одлуки за конкретни ресори и области во политичкиот систем на државата.

Имаме потенцијал. Ова го кажувам затоа што нашата амбиција и нашите гласови како заедница не може да се задоволи со постојниот “политички колач” – Него ние треба да целиме кон носење на одлуки во конректни ресори и области.

Инклузијата не е нешто кое што е поврзано со тоа “кој колку дава и кој колку добива во даден временски интервал”. Него напротив тоа е процес кој што  никогаш не завршува и се унапредува и развива онакa како што се развиваат и стандардите во едно општество.

Моите претходниците кои биле на некој именувани функции како ромски политичари во претходните Влади, не оставија никаква институционална меморија позади себе за да може да се надоградиме на нивните резултати.  Оставија само багаж  и недоверба позади себе и тоа како во политичкиот сектор, граѓанскиот сектор така и во заедницата. Сето ова се случува  во услови на криза и сериозни предизвици во светот, во кој што е неопходна соработка, единство и сплотеност.

Можам да кажам дека сега всушност на виделина излегуваат сите 30 годишни слабости од системот кој што се градеше. Тоа паралелно носи и криза во моралот и вредностите.

Покрај сите овие предизвици, во 2021 год во само неколку месеци од мојот мандат успеавме низ партиципативен процес да подготвиме Стратегија за инклузија на Роми 2022-2030 г по сите европски стандарди и методологии. Со овој документ заедно со останатите земји во регионот и Европа сме подготвени да ја продолжиме понатамошната интеграција на Ромите како прашање кое што е битно и во самиот процес на проширување на ЕУ.

Имаме буџет за имплементација на конкретните проекти од областите на Стратегијата и истиот е поголем во споредба со сите години наназад.

Во областа на домување работев за да имаме досега најголем буџет и најмногу проекти и интервенции во ромските маала и тоа во комуналната инфраструктура, социјалното домување и легализацијата.

Во областа на вработување имаме квота од 5 % или околу 5-600 лица кои што се активираат на пазарот на труд, годишно. Формализацијата на бизнисот предводени од Роми се зголемува. Во приватниот сектор се поголем е бројот на Роми кои се вработуваат. Тоа ми е приоритет и понатаму за да ја продолжам комуникацијата со  менаџерите во поголемите индустриски зони .  Поголем е и бројот на Роми кои се вработуваат и учествуваат во младинската гаранција.  На мое големо задоволство започна и подршката за доофомрување на образование и поврзување на оваа мерка со вработувањето.

Во областа на образование – продолжувам со кампањата и пораките #сите деца на училиште.  Владата во Собранието поднесе нов предлог закон за образование на возрасните.

НО факт е, дека и поголем дел од ромската заедница сеуште живее под нивото на било какви стандарди. Затоа ни е потребна заедничка соработка на сите мислам на национално и локално ниво, меѓународната заедница и граѓанскиот сектор.

При еден таков голем јаз и разлика кој што постои во сите области помеѓу ромското население и мнозинското население во државата, Не може да бидам задоволен. Се додека не постигнеме резултати кој што ќе бидат достапни за сите и до секој член од заедницата – Не може да збориме за реална интеграција и промени. Иако притоа сум свесен дека и овие навидум мали чекори и промени може да доведат до значајни резултати. Ова темпо очекувам да биде особено забрзано со пристапниот процес во ЕУ и отворање на сите поглавја (особено поглавје 23 ) .

Р.Т: Вие претходно бевте активни и познати по вашите ангажман во НВО секторот. Каде е одговорноста поголема?

Е.М: Во граѓанскиот сектор работевме за да создадеме образована и капацитетна студентска заедница и елита како сите други - која што може да ги сноси предизвиците или да биде во предност во споредба со останатите. И во тој процес како Роми предничиме во регионот (затоа што имаме најкапацитетна образована ромска младина)

Со нашата Стратегија успеавме да ја осамостоиме организацијата која тогаш Ромаверзитас беше под програма на Институтот отворено општество – Скопје. Така нашата генерација го превзема водството и место ние да работиме за “нив” поставивме нови темели во кој што студентите работеа за себе. Тоа беше мојата улога во тој процес.

Во граѓанскиот сектор има многу повеќе динамика и бура на идеи кои го потикнуваат слободарскиот дух и натпревар . Тој сектор не е секогаш нужно обремен со антагонизам. Одговарате пред законот, работите со заедницата и известувате пред донаторот. Тоа е тоа слободно здружување на граѓани околу решавање на некој проблем. Така се здобивате со драгоцено искуство –и нудите или решавате некој дефиниран проблем.

Во политичкиот сектор одговорноста е далеку поголема. Јавниот интерес (определен како интерес на далеку поголема група и народ) влијае врз одлуките. Јавното мислење најчесто е покритички настроено. Мандатот го дава и го зема народот преку својот глас и на избори. Затоа се спроведуваат кампањи.  Во тој период и се преговара кој колку добива од “заедничкиот колач”.

Р.Т: Какво е вашето гледиште околу усвојувањето на НАП- овите, ако се знае дека Р.С.Македонија ја усвои Националната Стратегија уште пред 2 години... Дали и уште колку ќе се чека на нејзино усвојување

Е.М: Националните Акциски планови се во Владина процедура и истите ќе бидат усвоени во текот на октомври. Во летниот период сите ресорни министерства подготвуваат стратешки планови ( во овој случај врз основа на Стратегијата за инклузија на Ромите) со предлог буџет, кој што понатаму се преговара во Министерството за финансии. На крајот најчесто во декември буџетот се усвојува од собранието на Република Северна Македонија . НАП се добра основа за подетално планирање на ниво на мерки и активности околу спроведување на зацртаните цели од Стратегијата. Ако ресорните министерства го зголемат буџетот за имплементација на проекти поврзани со Стратегијата тоа значително влијае и кон крајните резултати. Што е добра основа за работа.

Р.Т: Каде се гледате вие во иднина, кои се Вашите идни амбиции ?

Е.М: Верувам во колективни потенцијали и во заеднички цели и успеси. Сакам и замислувам ромска почитувана и слободна заедница која што е сложна, среќна и единствена. Народ кој што си ја сака својата земја и кој што продолжува да живее во мир и слога.

Се гледам себе во една таква среќна и просперитнатна заедница, каде што ДОБРИОТ СЛЕДБЕНИК Е И ДОБАР ЛИДЕР.

Имам амбиција да ја следам оваа Визија и да ја реализирам со сиот наш потенцијал (како добар следбеник или како добар лидер)

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 168 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот