Колумна од Андријано Џеладин, уредник на Веб порталот Roma News – Феномен, Его или непознавање?

Не би знаел каде да се класифицираме ние како Ромска заедница  дали како Феномен, дали како Егоизам дали како садизам или непознавање? Храброста ја собираме за дискусиа меѓу нас која е една примитивна работа на една демократија, нарочито нам како Ромска заедница. Но во еден момент не можам да ги разберам луѓето кои се феномени, егосити, или имаат садизам или непознавање и сакаат да прекинат нешто што е започнато или сеуште незапочнато.

Што ни пречи нам? Затоа што не  сме ние тие луѓе кои ќе водат? Бараме титула? Многу пати се споменува дека го цитирам „ Мене парите не ме интересираат, јас сакам да и помогнам на мојата заедница„ епа ако сакаш да помогнеш на заедницата потребно е промената да ја започнеме од самите нас , да придонесеме секој  нешто од нас во доменот на нашето познавање каде имаме знаење, искуство и експертиза.

Одредени политички партии сега ја почувствуваа опсноста дека се појавува нова генерација која ја подига ромската свест дека не е потребно само да се гласа од страв или емпатија за човекот кој потоа работи сам во свој интерес, кој потоа по изборите влегува во длабок сон.

Дали знаете дека некои лидери на одредени политички партии земаа позиција како советници во Владата само како позиција за плата која не е воопшто во интерес на заедницата , а е во негов интерес затоа што изнесува 55.268 денари, и дали е тоа придонес на заедницата или чист еoгизам? Та станува на заедницата  да цени зата шт такви луше кога насетуваат опасност дека нивниот личен интерес може да пропадне, и кога некој дава и нуди нешто пoт е вo колективен интерес , тогаш тие стануваат агресивни.

Дали ние Рoмите сме родени садисти, и гледаме само да и наштетиме на Ромската заедница вo секоја работа  каде што самиот покажува енергија , визија и желба за нешто подобро.

Дали нашите ромски политички партии направија нешто добро за свјата заедница?  Апсолутно дека нешто направија но прашањето е дали требаше многу повеќе да направат одогворт е „ДА„, требаше и можеа многу повеќе да направат сп тпа штп требаше да соберат храброст егоизмот да го тргнат на страна да бараат од својата коалиција поголема имлементација од тоа што е ветено за време на избрните камапњи и не треба тие како политичка партиа каде заедницата го даде својот глас за нив сега вината да ја бараат врз некој индивидуи , НВО , медиуми или на луѓе кои им се спротивставуваат , затоа што одговорнста е во нивни раце.

Ја оставивме декадата да мине од нашите раце која не беше воопшто имплементирана во корист на  нашата заедница станавме со тој страв кој отсекогаш го имаше од политичките партии да не го кажеме нашето мислење за да се корегираат на грешките ако  навистина се во интерес и сервис на својата заедница тогаш е потребно да излезат храбро и да и кажат на заедницата кои се причините за ваквата состојба со Ромите каква е денеска.

Зашто  по секоја цена сакаат да го деградираат Ромот и да го спречат да оди напред и да му се придружиме и ние? Зошто сам во јавност се афиримира, а свесни сме самите дека лажат дека сакаат да и помогнат на заедницата , и ако навистина тоа го сакате, оставете ги вашите лични комоции и бенефити кои ги имате како коалициски партнер , кажете дека сте против тие одлуки  кои ги носи државата , покажете револт дека не е тоа сосема доволно што и се прави на заедницата и недозволувајте само да опстојува дека се Роми., И на кратко на самиот крај ќе напишам, затоа што ние Ромите неќеме да читаме реферати.

Време е да се промениме , со Вас е добро, без вас може  уште подобро да отиде напред Ромската заедница.

Link: https://roma-news.com/fenomeni-ego-sadisam-ili-bi-dzandipe?fbclid=IwAR3sYrscu4JgPlGrg-aQukyMEvgK-84VGP0esJiLK1s4YAngSENjN4K-kr4

 

 

 

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 116 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот