Ексклузивно интервју со Фатима Османовска – Претседател на новоформираната „Унија на Ромите„: „Партијата е формирана токму поради политичката немоќ која моментално ја имаме како Ромска заедница„

Рома Тајмс: Кој е главниот мотив да се формира „Унија на Ромите„?

Фатима Османовска: Како што и самото име на партијата наговестува, политичката партија Унија на Роми ќе делува како политичко тело кое спојува, во конкретниов случај ќе ја спои идеологијата на секој Ром/Ромка која е во насока на целосно уживање на правата на Ромската заедница, а дополнително и стекнување со нови права кои ќе влијаат на подобар квалитет на живот, во сите сфери.

За да се оствари оваа идеологија која ја делиме голем број Роми, независно од политичката позадина или неполитичкото делување на секој од нас индивидуално, се наметна потребата од организирано, политичко делување, што всушност резултираше со иницијативата за формирање на партијата.

Лично сум сигурна дека сме зрели како заедница да бидеме споени во една „унија„ која конечно ќе ги донесе промените кои индивуално и колективно сите ги очекуваме и сме истовремено свесни дека очекуваните промени сами треба да ги донесеме.

Р.Т.: Вие сте прва жена Ромка - Претседател на една Ромска политичка партија во Р.С.Македонија. Кој е главнит мотив?

Ф.О: Верувам и поборник сум на според мене потврдената теза дека полот на една индивидуа не е фактор кој ќе го утврди успехот во било која професија или занимање, туку искуството, знаењето, мотивацијата, социјалните и лидерските вештини. Тоа што сум прва жена Ромка претседател на политичка партија нема да ја направи партијата поуспешна или понеуспешна. Мојата визија, визијата на мојот тим, моите способности да обединам, да преговарам, да застапувам и да говорам јавно во име на моите подржувачи ќе бидат пресудни за успехот пред се на заедницата, а понатаму и на партијата и мојот личен успех.

Таму го наоѓам и мојот мотив за лидерство на Унијата на Роми. Верувам во себе, верувам во довербата која ја имам од заедницата и верувам во позитивните резултати кои можам да ги донесам и да придонесам не само за мојата заедница, туку за целото македонско општество.

Р.Т.: Дали Унија на Ромите планира да има свои  ограноци и од кои градови (региони)?

Ф.О.: Секако дека ќе имаме. Ограноците во секој град ќе дадат можност во идеолошкото делување на партијата да биде вклучен секој граѓанин на РСМ, од секој град, село, населено место и затоа сметам дека ограноците се битен дел од политичкото делување на Унија на Роми.

Како на пример би ги застапувале интересите на граѓаните од било која општина седејќи во канцеларија во Скопје? Секако преку делувањето на ограноците кои ќе ни бидат линк со заедницата, а истовремено и ќе бидат застапници на политичката партија на локално ниво, бидејќи сме свесни која е моќта на промените која може да се направи на локално ниво, независно од делувањето на национално ниво.

Р.Т.: Со кого планира да коалицира Вашата партија

Ф.О.:Самото формирање на политичка партија не мора да значи дека истата треба и ќе коалицира со друга партија. Не верувам во тезата мали и големи партии и во тоа дека малите треба да им се „залепат„ по автоматизам на големите за да се добие дел од „политичкиот колач“. Но истовремено верувам во партнерство кое се заснова на препознавање на взаемната соработка која ќе донесе промени обострано и во оваа насока допрва ќе анализираме и ќе утврдиме со кого потенцијално би коалицирале согласно идеолошките определби на нашата партија и другите партии.

Р.Т.: Како ја оценувате сегашната политичка моќ на Ромската заедница?

Ф.О: Партијата е формирана токму поради политичката немоќ која моментално ја имаме како Ромска заедница, наспроти политичкиот потенцијал кој го имаме како индивидуи и тим.

Р.Т.: Кој ќе биде фокуст на делување на Унија на Ромите?

Ф.О.: Фокусот допрва ќе се допрецизира заедно со граѓаните. Јас најавив дека ниту едно прашање нема да се застапува ако тоа не е произлезено од разговори и анализи со граѓаните.

Но генералната цел на Унијата на Ромите ќе биде застапување на принципот на еднаквост, правичност, носење на законски легислативи кои ќе бидат во линија со интересите на Ромската заедница, носење на локални политики кои ќе бидат инклузивни за Ромската заедница и влегување на Ромската заедница од РСМ во Европската унија како еднаква заедница по економски и социјален статус,  уживајќи ги подеднакво сите права како мнозинската заедница.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 109 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот