Моја перцепција: Ромската политика и шахот

Искрено не сум некој стручњак за шахот и неговата филоѐзофија, но според моите „скромни„ познавања од оваа древна игра, ромската политика токму ме потсеќа на оваа игра - шахот.

Тоа е чесна игра. Едната страна е црна, другата бела. Во политиката е малку поинаку. Таму веќе се влегува и во зоната на „сивото“. Шахот не е политика, ама тоа не значи дека за неговата стратегија не може или не треба да се размисли и во политиката.

Кога професионалец игра шах, тој или таа, главно се фокусираат на она што го размислува опонентот. Тоа го прават поради еден, едноставен, факт. Секој потег, во даден момент, може да ги определи предностите или недостатоците во некоја подоцнежна фаза. Како и да земеш, во шахот се игра со морал, а во политиката, како што знаете, ништо не е морално или неморално.

Но, она што е многу неморално, недозволиво и неоправдано во политиката е играње во лична корист, а не во интерес на народот.

Е такава партија шах најчесто го користи ромскиот политички блок. Само во интерес  на своето тесно опкружување и ништо подалеку. Затоа и резултатите се мизерни. Ромскиот политички блок во политичката шаховдска игра најќето  служи како топовска храна – или пион.

Најчесто жртвуван за туѓи интереси, за кралот и кралицата да останат – недопирливи.

А во меѓувреме, додека светот постојано се менува, полека ни станува јасно дека треба да се смениме и ние Ромите. Да кажеме стоп на ова статус-кво, и да бидеме подготвени да ја замислиме иднината. Ни треба да знаеме каде одиме. Ни треба многу повеќе од корисна стратегија со која ќе решиме што ни треба.

Во шахот, елементите на една добра стратегија се правењето храбри потези, искористувањето на шансите, но и флексибилноста во играњето на својата улога. Не е ова, можеби, сигурна формула за успех, но тоа се неколку основни идеи што лесно се занемаруваат.

Само таквата пресметка ќе нѐ води напред. Зашто, знаете, никој не добил партија шах со откажување. Шахот е, всушност, и битка против грешките.

Рамуш Муарем - Цирко

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 235 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот