Кој е Љупчо Палевски – првоосомничен за двојното убиство

Љупчо Палевски е контроверзен бизнисмен и политичар чиј животен пат и кариера минуваат низ повеќе различни фази и сосема спротивставени улоги. Заедно со познати архитекти и функционери важи за еден од творците на т.н. „урбана мафија“ бидејќи на јавна сцена за неговото име првпат се слуша кога се менуваат урбанистичките планови за скопско Дебар Маало и од мали семејни куќички во срцето на Скопје почнуваат да никнуваат згради. И објектот на ул. „Н.Н. Борче“ пред кој беше киднапирана Вања Ѓорчевска го градеше Палевски.

Симбол на тој „градежнички“ период е изградбата на објектот „Тифани“. Со него булеварот „Партизански одреди“ за подолг период станува ќор-сокак бидејќи тој лежи врз неговата траса од која според плановите треба да понира и да излезе пред т.н. Комплекс банки. Кревањето на ова здание го означува и крајот на неговиот ангажман во оваа област за кој силата му ја дава блискоста со структури во СДСМ, кој во тој период е предводен од Црвенковски, што подоцна и излегува на површина со фактот дека станува прв човек на градската организација на партијата. Новата власт во него гледа одличен пример за да ја егзекутира предизборно најавената правда, но на чуден начин борбата завршува со уривање на потпокрив и ателје на еден од изградените објекти (на ул. „Пиринска“) благодарејќи на блискоста која се раѓа меѓу него и тогашните ресорни министри од кабинетот на Георгиевски, но и со неговиот познаник од детството, Сашо Мијалков. Тие врски траат и се корисни дури и во периодот кога ВМРО-ДПМНЕ е најпотентна, во времето кога со партијата, а подоцна и со Владата раководи Никола Груевски.

Палевски прави неколку обиди, некои поуспешни некои помалку успешни, да стане медиумски магнат. Најпрво, по поразот на СДСМ на изборите 1998 година, со негова поддршка се отвара неделникот „Старт“, низ кој поминаа плејада новинари, „жртви“ на револуционерната чистка во НИП „Нова Македонија“. Весникот трае неколку години, но згаснува. Отпорен е на политичките притисоци од тогашната власт, но не и на внатрешните непомирливи разлики во уредувачката политика, која се ефектуира со заминување на главната уредничка Мирка Велиновска и најголем дел од новинарскиот тим во новоотворениот неделен весник „Зум“. Поради конфликтот во 2001 година, му пропаѓа и обидот да го издава „Глобал“, првиот двојазичен дневен весник (на македонски и албански) бидејќи печатницата од која излегоа неколку броја се наоѓа во средиштето на судирите, во Мала Речица. Треба да се спомене дека откако експоненти на власта на ВМРО-ДПМНЕ отворено говорат против Блаже Конески, за да го зачува неговиот лик и дело, по сугестија на неколку академици, за да ја заштити од уништување, ја купува семејната куќа на Коневци и ја формира Фондацијата „Небрегово“.

По повторното доаѓање на власта на СДСМ во 2002 година, Палевски влегува и во телевизискиот бизнис преземајќи ја ТВ Алфа – Скопје, за која грчките газди (Кондоминас) не успееја да добијат национална концесија. Од неа ја создава првата спортска телевизија, Канал 4. Но и таа е со краток здив. Во тој период влегува во судир со власта на СДСМ и станува нејзин жесток критичар.

Палевски, кој по струка е инженер по земјоделство, нешто подоцна, по доаѓањето на Никола Груевски на челната функција во државата, се впушта во сосема друг бизнис. Се сели и живее во Задар каде што почнува да се занимава со производство на печки за пелети. Но и од тој деловен потфат има дамка бидејќи во 2019 година, поради нерасчистени сметки, по потерница од официјален Загреб беше уапсен во Белград и подоцна пренесен во Хрватска, каде што му се судеше за дела од имотно-правен карактер.

Во истиот период, на почетоците на власта на Груевски, го нема многу во јавниот живот. Се појавува дури откако го решава клучниот, личен урбанистички проблем и го легализира објектот „Тифани“. Веројатно поради успешно завршената работа, станува експонент на политиката за оцрнување на тогашната опозиција предводена од Заев. Користен е и претставуван како јавна личност со социјалдемократски бекграунд кој им се спротивставува на политиките на тогашното раководство, особено на поддршката за „Шарената револуција“. Чест гостин е на емисии на тогашните провладини медиуми и дава интервјуа и зборува против методите на неговата поранешна партија.

По падот на Груевски, ги користи своите исклучително блиски односи со структури од т.н. длабока држава и преку беспрекорните контакти кои ги има со врвни ликови од разузнавањето и од безбедносните структури обезбедува пристап и помирување со налутениот Заев. Не е до крај јасно дали преку истите структури или на друг начин Палевски обезбедува пристап до дел од т.н. „бомби“ кои подоцна, по нивното предавање во СЈО, и натаму се објавуваат на социјалните мрежи. Се претпоставуваше дека тој се крие под псевдонимот Никола Тесла, под кој беа публикувани многубројни „бомби“. Во исто време, тој е во многу блиски односи и со сопственик на портал, неодамна осуден за вршење уцени и закани поради остварување имотна корист.

Отприлика во тој период Палевски и политички и општествено почнува со сериозен ангажман. Згрозен од „предавствата“ на Македонија влегува во содејство со радикални политички структури од десницата и со високи црковни достоинственици и организира и предводи многубројни протести и демонстрации. Жесток противник е на евроатлантското интегрирање на земјава и во своите јавни настапи отворено се залага за влез во БРИКС и за поблиски релации на Македонија со Русија. Учествува и на последниот протест пред руската амбасада во знак на поддршка на нивната „специјална воена операција“ против Украина. Откако МПЦ-ОА добива признавање на автокефалноста од СПЦ, тој со благослов на неколкумина владици почнува „акција за спас на името на МПЦ-ОА“ и со поддршка на неговата тукушто основана партија пред храмовите во земјава и странство собира потписи за зачувување на МПЦ-ОА противејќи се на следниот чекор, добивањето томос за автокефалност од Вселенската патријаршија.

Пред три години, во септември 2020 година, од неразјаснети причини, беше физички нападнат со метални шипки од непознати лица. На нападот му претходеа јавни објавувања на прислушувани телефонски разговори за кои во неговиот дом беа правени претреси од МВР, а по неколку месеци, во март 2021 години, против Палевски беше поднесено обвинение за оддавање службена тајна.

Палевски е основач на политичката партијата Десна и, според јавно искажаните ставови на неговиот поткаст, планираше да учествува на следните избори.

 

Линк: https://360stepeni.mk/koj-e-lupcho-palevski-prvoosomnichen-za-dvojnoto-ubistvo/

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 188 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот