Пазарџиите излегоа на протести против Законот за зелени пазари

Пазарџиите од Зелено пазарче излегоа на протест пред Собрание. Револтирани се поради новиот Закон за зелени пазари кој стапи на сила од стартот на 2019 година и од нив, меѓу другото, бара да обезбедат лиценци за работа.

На голем дел од пазарите има катанци, а оградите се облепени со известување за протест.

Исто така, пазарџии го блокираа и булеварот „Крсте Мисирков“ кај Бит-пазар, па сообраќајот и таму е во прекин.

Според новиот закон, пензионерите, вработените, или пак луѓе кои остваруваат некакви хонорари, нема да можат да работат. Лиценците ќе ги издава Стопанската комора на Македонија.

Лиценцата за тезгите чини 3.600 денари, а за втора тезга, продавачите треба да платат дополнителни 2.400 денари.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Сакам да речам

Momentalno Online

Имаме присутни 136 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

Golden Wheel - Entry Application Form

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот