Трагични судбини на Ромите: Смрт од непознати причини и траен инвалидитет од несовесно лекување

Ромите при користење на здравствените услуги секојдневно се соочуваат со многубројни проблеми, а и судскот систем, исто така, „не е на нивна страна“, се жалат активисти на ромските здруженија за покревање на свеста за нивните права.

Од кај нив наведуваат дека и полицијата често пати ги третира како „криминалци“, дека не го добиваат истиот третман како останатите и во социјалните установи. Тешко доаѓаат до работна позиција, само поради тоа што се Роми. Поголемиот дел од нив се осудени на глад, сиромаштија и беда.

Стигматизацијата и дискриминацијата кон нив, од страна на сите останати во општеството, дополнително им го отежнува секојдневието.

Ромите, како мацинска етничка група во Македонија треба да ги уживаат сите права и слободи како и сите останати лица во земјата.  Велат, време е да се покрене свеста во општеството за тоа дека сите сме еднакви, со што ќе им се даде можност да напредуваат и да живеат нормален и достоинтсвен живот.

Се жалат дека има повеќе случаи во кои тие или нивните семејства биле обесправени, а не можеле да добијат адекватна правна сартисфакција.

 

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Сакам да речам

Momentalno Online

Имаме присутни 50 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот