Се истражува трудовата експлоатација и дискриминација на децата Роми во Виница и Кочани

Здружението Иницијатива на невработени интелектуалци – ИНИ од Виница почна истражување за образовната инклузија на децата Роми во општините Виница и Кочани, како и за формите на трудова експлоатација, дискриминација и разни форми на насилство врз нив.

Партнер во реализацијата на проектот е ромското здружение „Авена" од Кочани, а истражувањето и анализата ќе се спроведуваат во повеќе целни групи граѓани во текот на оваа календарска година.

Сакаме да добиеме вистинска слика за бројот на ромски семејства чии деца не посетуваат настава и се жртви на трудова експлоатација и насилство. Ќе работиме на подобра информираност за нивните права, како и за јакнење на капацититетите на одговорните институции за спречување на детска трудова експлоатација и дискриминација на децата поради етничка, религиозна или друга припадност. На овие семејствата ќе им помогнеме во застапувањето пред локалните власти, со конкретни препораки да се донесат соодветни програми за заштита на правата на децата, истакна Тодор Цонев, претседател на здружението ИНИ.

Во рамки на птроектот ќе бидат организирани едукативни работилници за родителите и ќе се изработи прирачник за заштита на правата на децата  од трудова експлоатација, дискриминација и насилство.
 
Истражувањето е финансирано со средства од ЕУ во рамки на проектот „Стратешки партнерства за развивање на социјална агенда за промени" што го спроведува Здружението за акција против насилство и трговија со луѓе „Отворена порта".

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 278 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот