МППС: Повеќе од 25.000 семејства го чекаат новиот Закон за социјална и детска заштита

Претставниците на Македонската платформата против сиромаштијата упатија барање до претседателот на Собранието Талат Џафери, како и до сите пратеници во најскоро време да биде ставен на дневен ред и изгласан новиот Закон за социјална заштита и детска заштита.

– Сакаме да укажеме на штетноста која директно влијае на една многу маргинализирана група. Повеќе од 25.000 семјества чекаат на донесување на овој закон со кој не се решава проблемот со сиромаштијата, меѓутоа се дава надеж за излегување од кругот во кој веќе многу време се вртат, нагласи Зоран Биковски, претставник од МППС.

Посочи дека, лицата од социјално загрозените семејства се уште живеат со социјална помош во износ од 2.000 денари, ( 35 евра) наместо, како што рече, истата таа одредба од законот, што се однесува на висината на социјалната помош, да биде заменета со минимален приход што ќе овозможи за едно четиричлено семејство најмалку 9.000 (150 евра) до 11.000 денари (185 евра) доколку нивните деца посетуваат училиште.

– Тоа значи и воведување на образовен додаток, а за семејствата корисници на социјална помош воведување и на детски додаток, наведе Биковски.
Потенцираше дека повеќе од 5.000 семејства чекаат да биде воведена старечка пензија, што ќе им овозможи на луѓето кои немаат исполнето 15 години стаж да имаат право на приход.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 182 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот