До кога правото на здравје за Ромките ќе постои само на хартија?

И овој 8 април, ние, жените од Иницијативата на жени од Шуто Оризари, го одбележаа Меѓународниот ден на Ромите алармирајќи за пречките со кои и ден-денес се соочуваат Ромките во нашата држава. Пречките не можеме да ги доброиме, но низ годините јасно станува дека најголеми меѓу нив се невработеноста и немањето пристап до услуги за репродуктивно здравје.

Незаконската наплата и неефикасните мерки од Програмата за активна заштита на мајки и деца значително им го обременуваат секојдневниот живот особено на Ромките и потврдуваат дека во Македонија и натаму не им се гарантира правото на здравје на жените во репродуктивен период.

Последната Карта со оцена од заедницата, истражување што Иницијативата на жени од Шуто Оризари го спроведе по седми пат на територијата на Шуто Оризари, укажа дека сите 100 опфатени испитанички се невработени и дека дури 82% од оние во репродуктивен период платиле за ЕХО-преглед кај својот матичен гинеколог иако оваа услуга им следува бесплатно.

И покрај низата мерки предвидени со Програмата за активна заштита на мајки и деца за 2018 година, кои требаше да им го олеснат пристапот до здравствени услуги на маргинализираните и ранливите, истражувањето покажува дека:

40% од жените без здравствено осигурување платиле за лабораториски анализи во текот на бременоста и за породувањето иако овие услуги им следуваат бесплатно,
само 16% го искористиле правото на бесплатна фолна киселина,
само 11% од бремените жени биле посетени од патронажни сестри во текот на бременоста,
дури 12% од бремените жени се малолетни.

Токму затоа, се бара од Министерството за здравство и од Фондот за здравствено осигурување конечно да го решат долгогодишниот проблем со незаконската наплата на бесплатни здравствени услуги кај матичните гинеколози и да го подобрат спроведувањето на мерките од превентивните програми наменети за жените во репродуктивен период.

Се апелира до државата и до Министерството за труд и социјална политика да им дадат приоритет на сите социјално ранливи категории на граѓани при „кроењето“ на мерките за вработување, а особено на Ромите кои ѝ припаѓаат на најмаргинализираната група на граѓани во државава.

Инаку, зошто би им го честитале Меѓународниот ден на Ромите?

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 492 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот