До кој степен одат матурантите и родителите: Колку се троши за една свечена вечер – матура

Матурите само што не започнале, а подготовките се во тек. Колку пари се потребни за една вечер?

Триста евра – за некои во просек доволно пари за одбележување на матурската вечер, а за други минимален буџет само за шминка и фустан.

Судејќи по размените на интернет форумите, просечната цена по човек за славење матура е 1.200 денари за хотелот и уште 1.000 денари за дискотеката по свеченоста.
Најважниот дел се чини е гардеробата. За матурант најевтиното одело е 3.000 денари во продавница на центарот на Скопје.

Кошула и кравата се купува за од 1.500 до 3.000 денари а во просек толку чинат и чевлите. Сè на сè за облека хотел и дискотека се двојат околу 9.000 денари за да се помине евтино. Од друга страна, толку чини едно „брендирано“ сако.

Со 4.000 денари за фустан, 2.000 за свечени обувки и 1.500 денари за фризура најевтино може да поминат матурантките. Се на сè за ученичка која завршува средно се потребни околу 10.000 денари. Толку пари се потребни за „посвечено“ шминка, фризура врз основа на козметички третман не земајќи ја предвид облеката и трошоците за хотел и дискотека.

Да не заборавиме на роднините – за најблиските да прослават во кафеана, просечниот трошок е од 6.000 до 20.000 денари за една вечер.

Но, што ги мотивира гордите родители да потрошат од една до две просечни месечни плати за една вечер, со цел да го одбележат успехот на дете кое завршило не вишо, не високо туку средно образование?

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 527 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот