Велес: Новороденчињата закрепнуваат се бара дом за семејството Зекирови

Двете новороденчиња близначиња на Севѓул и Форсина Зекирови од Велес од ден во ден се се подобри, редовно јадат и добиваат на тежина, но сепак ќе останат во болница се додека надлежните институции или хуманите граѓани не најдат соодветен дом со пристојни услови во кои би можело семејството да престојува.

Денеска и навивачката група „Гемиџии“,  која имаше поставено кутија за донации на натпреварите на нивниот клуб „Борец“ ќе ги уплати собраните средства од сограѓаните на сметката на Севѓул за да може тој што побрзо да ги има на располагање и да обезбеди подобри услови за неговите три деца.

Валентина Голова е патронажната сестра која го следи семејството Закирови. Таа иницирала и инсистирала бебињата да бидат хоспитализирани
Голова вели дека често се сретнуваат со случаи како ова на семејството Зекирови.
Патронажната служба во Велес го покрива градот но и околните населени места.
Додека здравствените работници се грижат за двете новороденчиња, хуманите сограѓани на Свеѓул и Фросина се во обиколка на градот барајќи стан за нив. Веќе имаат најдено неколку каде тие би можело да престојуваат.

Директорката на центарот за социјална работа во Велес не одговараше на повиците на нејзиниот телефон. Засега нема информации дали социјалниот работник задолжен за семејството Зекирови и центарот имаат најдено решение за нивниот престој. Сепак од центарот успеаа да издејствуваат да им се издадат неопходните документи на Севѓул и Фросина со кои можат да добиваат паричен надомест од државата.

Додека не се најде решение, таткото и неговиот двогодишен син остануваат во трошната куќа, без струја чекајќи Фросина и близначињата да излезат од болница.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 110 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот