Извод ќе се вади во градот каде што живеете, а не каде што сте родени

Владата на својата последна седница ја усвои информацијата за електронско поврзување на 76 матични подрачја со електронскиот матичен регистар на Управа за водење на матични книги.

Од воспоставувањето на електронскиот матичен регистар до сега направено е електронско поврзување на 82 матични подрачја и на тој начин овозможено е граѓаните без оглед на нивното место на раѓање и место на живеење да поднесат барање за издавање извод во градот каде живеат, а истиот по електронски пат да се обезбеди од градот каде е родено лицето.

Со ова поврзување овозможено е Дипломатско-конзуларните претставништва на Северна Македонија електронски да се поврзат со матичните подрачја на Управата за водење на матичните книги и изводите кои се бараат од страна на граѓаните кои живеат во странство да ги добијат во побрз временски интервал.

Централизираноста на податоците и оптимизирањето на бизнис процесите во Управата ќе отворат широк спектар на можности во делот на имплементирање на Европските регулативи и зголемување на ефикасноста во администрацијата, е заклучокот на седницата на Владата по оваа точка.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 325 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот