Се отвори поликлиника „Зегин Медика„ на свеченото отварање и балканската ѕвезда Здравко Чолиќ

Деновиве во Буњаковец во Скопје беше свечено отворена поликлиниката „Зегин Медика„ . По тој повод главниот менаџер на „Зегин„ Благоја Механџиски каде меѓу другите поканети гости со своето присуство ги почести познатата балканска музичка ѕвезда Здравко Чолиќ кои заедно на свечен начин ја пуштија во употреба и започна со својата работа оваа современа и реновирана медицинска установа.

Инаку ПЗУ „Зегин Медика„ ја основаше Д-р Верица Механџиска во април 1998 година.
Главна цел на оваа поликлиника е да се обезбедат целосни здравствени прегледи и специјалистички здравствени услуги на пациентите и да им се овозможи стручна помош за нивните здравствени проблеми. Во рамките на поликлиниката има 4 служби, кои по принципот на матичен доктор, опслужуваат 5000 пациенти.

ПЗУ „Зегин Медика “ е единствена поликлиника која нуди биорезонантна метода. Биорезонантната терапија е корекција на функциите на телото под влијание на електромагнетни осцилации на строго одредени параметри одговарајќи на одреден фреквентен спектар на акустични бранови.

Освен тоа, ПЗУ „ЗЕГИН МЕДИКА“ ви нуди дијагностицирање на слип апнеа со најсовремени методи и домашна полиграфија. Ова сериозно нарушување се манифестира со престанок на дишењето за време на сонот, а со примена на соодветна терапија на пациентот му се овозможува поквалитетен живот.

Покрај овие нови најсовремени технологии, поликлиниката ги нуди и следниве услуги: општи прегледи со био-хемиска лабораторија наменета за општи био-хемиски анализи, комплетна крвна слика, интернистички прегледи, алерголошки прегледи, ЕКГ, ехо на абдомен, тироидна жлезда и дојки, дензинтометрија (прегледи за остеопороза) и уште многу други услуги.

Исто така нуди совети и консултации од страна на специјалисти за различни области од медицината, како и систематски и периодични здравствени прегледи за вработени лица.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 126 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот