На Самиото во Познањ - Полска усвоена Декларација на земјите од Западен Балкан за интеграција на Ромите во процесот на проширување на ЕУ

На иницијатива на Северна Македонија на Самитот во Познањ ќе биде усвоена Декларација на земјите од Западен Балкан за интеграција на Ромите во процесот на проширување на ЕУ
 
Еден од документите што ќе бидат усвоени на годишниот Самит за Западен Балкан што денеска и утре се одржува во Познањ, Република Полска, ќе биде и Декларацијата на земјите од Западен Балкан за интеграција на Роми во рамки на процесот на проширување на ЕУ.

Декларацијата која беше предложена од Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Софија на 17-ти мај 2018 година, иницираше регионална посветеност за интеграцијата на Ромите како дел од процесот на проширување на ЕУ, а ќе биде потпишана на Форумот на лидери од земјите на Западен Балкан, во петок на 5 јули.

Иницијативата за оваа декларација, со силна поддршка на Европската комисија и на Советот за регионална соработка, определува амбициозни, но реални цели за интеграција на Ромите, што земјите од регионот треба да ги постигнат пред пристапувањето во ЕУ.

Декларацијата ги опфаќа и основните принципи неопходни за постигнување на поставените цели, вклучувајќи внатрешна координација, распределба на буџетот, следење и известување, учество на Ромите и ги поставува основните принципи за постигнување на стратешката цел на Националната стратегија за Роми 2014-2020:

Намалување на јазот меѓу ромската и не-ромската заедница, зајакнување на процесот на мониторинг на спроведувањето на јавните политики и активности на Владите во регионот со што се придонесува кон  подобрување на положбата на Ромите.

Министерот без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за Роми во Владата на РСМ Музафер Бајрам е и Национална контакт точка за Роми за координација на  акциски планови за реализација на одредбите од Декларацијата на земјите од Западен Балкан за интеграција на Роми во рамки на процесот на проширување на ЕУ, што ќе биде усвоена на Самитот во Познањ.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 342 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот