Смртноста на Ромските новороденчиња е за 1,5  пати повисока за разлика од македонското население во 2017 година

Ромите се соочуваат со понеповолна здравствена состојба од останатото население. Новороденечката смртност помеѓу Ромите е за 1,5  пати повисока за разлика од македонското население во 2017 година.

Во истата година речиси 50% од смртните случаи кај Ромите се случиле пред 65-та година од животот, за разлика од 23% кај останатото население, велат здружение организации.

Според организациите, превентивната здравствена заштита по однос на репродуктивното здравје, како и здравјето на мајките и децата е клучна во овозможување здрав почеток на животот и со тоа подобрување на здравјето на целото население.

Преку работата на здруженијата на полето на имунизација на децата Роми во општините Шуто Оризари, Делчево, Виница и Пехчево, опфатот на децата Роми со вакцинација значително се зголеми од 2012 до денес и во моментот опфатот е над 90%.

„Меѓутоа Ромската заедница од овие општини се уште се соочуваа со проблеми во пристапот до превентивната здравствена заштита за унапредување на женското репродуктивно здравје и здравјето на мајките и децата. Клучни детектирани проблеми се: недоволен опфат со посети од патронажни сестри, недоволен опфат со здравствена едукација, недоволен опфат со систематски прегледи за децата вон образовниот систем, недоволен опфат со Програмата за скрининг на рак на грлото на матката и наплаќање на услугите од страна на матичните гинеколози“, соопштуваат организациите.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 266 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот