Термалната бања Брно во чешкиот град Усти над Лабем вработи неколку ромски лица како чувари и спасители , а според Мартини Мата, преставник од општината Усти над Лабем која управува со објектот , посетителите многу позитивно реагираат на Ромскиот персонал.
Минатото лето се случи инцидент помеѓу ромски и неромски посетители во државата, пишува чешкиот ромски портал romea.cz.
Објектот Брно се соочи со лажни информации дека минатата година во базентот беше фрлено некое ромско дете. Мата напомена дека Ромите ниту беа посебно регрутирани во градот за оваа професија.
“Сите тие самостојно се пријавија на огласот кој го објавивме на социјалните мрежи , во јавниот транспорт, по училиштата и во Агенцијата за вработување, Сите тие ги поминаа стандардните процедури при изборот за овие позиции„ беше напоменато за Romea.cz.
“Тие луѓе сакаат да работат. Во термалната бања Брно работат севкупно две машки особи Роми спасители, една Ромска како спасителка и еден помошник - чувар.