Курбан Бајрам (ar. عيد الأضحى Eid ul-Adha; tur. Kurban Bayramı) или Хаџи - Бајрам е исламски празник со приносување на жртва, е знаќакна прослава.
Тој се прославива два месеци и десет дена по завршеток на Рамазанскиот Бајрам. Курбан Бајрам трае четри дена.
Муслиманите Бајрамот го прославуваат во своите домови, и на изгрејсонце се оди во џамија на Сабах намаз , и изгреј сонцето за да се калања - Бајрам намаз.
Според Шеријатските правила по враќање дома се коле жртвата за Курбан.
Според историјата Ибраим а.с. живеел среќно се додека Алах. џ.ш.х. не му наредил да го жртвува својот син Исмаил а.с. тој го послушал но кога Господ видел дека Ибраим а.с. е подготвен својот првороден син Исмаил а.с. да го убие само поради Неговата наредба, како големо искушение , ја запрел егзекуцијата и наместо Исмаил а.с. го поставил овенот за жртва.
Инаку овој чин се извршува за време на Хаџот во последниот месец од хиџретскиот календар зул - хидџе. Месото кое се коле се разделува на третини, така што една третина иде кај блиските роднини, една третина кај сиромашните и една третина на оние на кои име е најпотребно. Курбанот го коле оној кој има материјална можност, и доколку не е во состојба тоа не е грев.