Во Берово отворен јавен повик за учество во општинско-корисна работа

Оваа година право на учество во програмата „Од акција до еднакви можности,“ имаат евидентирани невработени лица, Роми и корисници на гарантирана минимална помош и лица со попреченост.

Своето учество заинтересираните можат да го пријават во Агенцијата за вработување-Центар за вработување Берово, најдоцна до 30 август годинава, информира Ѓоко Пеовски, координаторот во програмата.

-Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на патронажни/мобилни негователи, неговател на лице со посебни потреби, образовен помошник, училишен аниматор, музички соработници и геренто-домаќин. Предност за учество во овој циклус на Општинско-корисна работа ќе имаат лицата кои прв пат се јавуваат за учество во оваа програмата, информира Пеовски.

За учество во програмата на кандидатите кои ќе бидат избрани, како што додава, ќе им биде исплатен паричен надоместок за работно ангажирање во висина од 9.000 денари месечно, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

На невработените лица – корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 165 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот