Ромските активисти за човекови права, сметаат дека има злоупотреба и прекршување на правото на запишување на деца во училиште без соодветна вакцинација

Деновиве преку социјалните мрежи реагираше Претседателот на Асоцијацијата на млади Роми Младинскиот Форум Ханријет Исени , во врска околу најновата мерка околу запишување на деца во училиште доколку ги немаат примено вакцините.
Во нивната реакција тие сметаат дека се злоупотребува и прекршува правото на образование на овие деца.

Државата ја има ратификувано Конвенцијата за заштита на правата на детето уште на 24,02,2002, како меѓународен документ за имплементација и заштита на правата на децата кои ги налага одредбите од истатата конвенција особено член бр. 6
1 – Државите членки признаваат дека секое дете со самото раѓање има право на живот.
2 – Државите членки во најголема можна мерка овозможуваат опстанок и развој на детето.
 
Ромскиот граѓански сектор е против оваа одлука од соодветното министерство , и затоа најавуваат поднесување на колективна преставка , а потоа и тужба против овој вид на дискриминација.

Тие тоа го потврдуваат со фактот дека во рамките на државата секое дете треба да им е загарантирано правото на образование.

Инаку тимот кој се залага на остварување на ова право брои 4-5 волонтери каде се вклучени правник, психолог, адвокат, и магистар по право.

Истовремено своја безрезервна подршкаа покрај дел од ромскиот НВО сектор даде и ромската дијаспора преку организацијата „Асва„ од Белгија и швддското Ромско здружение „ Unga Romer"

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 371 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот