Министерството за здравство може да казнува за непримени вакцини, но не може да забрани упис во училиште

Според постојната законска регулатива, при запишување во прво одделение, родителот односно старателот е должен да достави потврда за примените вакцини за детето, издадена од надлежна здравствена установа.

Но, законот не содржи забрана за упис во училиште на децата кои не се вакцинирани.

Задолжителната имунизација е предвидена со законите од областа на здравството, во која се предвидени механизми и санкции доколку не се исполнат обврските за задолжителна имунизација.

И самото Министерството за образование, покрај правото на образование на детето, ќе го обезбеди и правото на безбедност и здравје при престој во училиштата, велат дека институциите се должни да обезбедат остварување на сите уставно загарантирани права, без тоа да биде на сметка на кое било друго право.

Ако тоа е неопходно, мора да се води сметка за штетата да биде најмала, односно забранувањето да не води кон целосна забрана за остварување на некое човеково право.

Обврска е на Министерството за здравство и здравствените институциите да ја спроведат имунизацијата и да обезбедат заштита на населението од заразни болести, на кои децата се изложени не само во училиштата, туку и во кино, на театар, во игротеките, во спортските клубови, при остварување на воннаставните активности.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 551 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот