Топол дом за мајка и пет дечиња од градоначалникот на Кавадарци

Младата самохрана мајка Сабина од Ваташа, Кавадарци, заедно со своите пет малолетни деца зимата ќе ја помине во толоп дом, каде по долго време повторно ќе светнат сијалиците.

Во својата трошна куќарка таа нема да треба да се грижи како ќе ги преживее ладните месеци кои доаѓаат, бидејќи од денес започнува новото поглавје во нивните животи.

Имено, жената која живее од помошта за трето дете и од повремени дневници кои ги заработува чистејќи по домовите низ Кавадарци, на свое барање се сретна со градоначалникот Митко Јанчев, кој откако виде во какви услови преживува семејството, без двоумење ја понуди својата помош.

-Нема што да се чека, ниту пак да се размислува. Се работи за мајка на пет деца, од кои некои одат и во училиште. Жената се грижи за нив, целосно им е посветена и ова семејство заслужува шанса за подобар живот. Затоа решив да им помогнам, заедно со мене ќе се вклучи и дел од бизнис секторот.

Ќе се реновира нивниот дом, ќе им направиме пристојно место за живот, ќе добијат ново купатило, кујна, ново броило за електрична енергија, сите долгови ќе им бидат подмирени.

Исто така, ќе ги обезбедиме сите апарати за домаќинството, машина за алишта, шпорет, фрижидер, се што е потребно за да се функционира нормално – рече градоначалникот.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 90 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот