Конечна одлука: Австриската полиција ќе се всели во родната куќа на Хитлер!

Одлуката за иднината на родната куќа на Адолф Хитлер во австрискиот град Браунау, после повеќегодишни судски спорови конечно е донесена – во неа ќе се всели австриската полиција.

Зградата во август ја презеде австриската држава, а наскоро ќе биде распишан и конкурс за нов изглед на родната куќа на нацистичкиот лидер. Како што е наведено, во куќата на Хитлер ќе биде сместена општинската команда на полицијата и полициската станица на Браунау.

Според австриските власти, на тој начин конечно би можел да биде таканаречениот „нацистички туризам“, во кој луѓето пристигнуваат да ја посетат куќата во која што живеел некогашниот лидер на Третиот Рајх.

Имено, нацистите од цела Европа пристигнувале во Браунау да ја посетат родната куќа на Хитлер, па австриските власти веруваат дека сега кога во куќата ќе се всели полицијата, нацистите нема да пристигнуваат да му се поклонат на тоа здание.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Сакам да речам

Momentalno Online

Имаме присутни 457 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

Golden Wheel - Entry Application Form

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот