СП БТР Продукција интензивно работи на својот документарен филм „Небо, Точак, Земја„,. По пропатувањата и реализација, во Русија, Романија, Бугарија, Франција, Србија , сега на ред е Шпанија, Турција и Грција.
Екипата на СП БТР продукција деновиве се наоѓа на Пиринејскиот полуостров , поточно во Барселона каде снимаат интервјуа со познати и признати експерти по ромската историја, традиција, култура , а еден од нив е и познатиот Ромски историчар Хуан де Диос Рамирез Хередија (Juan-de Dios Ramires Heredia), како и останати познати ромски познавачи на историјата. Покрај него разговори ќе има и со ромските историчари од Турција и Грција.
Од тука ќе се дознае и повеќе за првите Роми кои биле дел од екипажот на познатиот морепловец Кристифор Колумбо при откривање на американскиот континет, за време на третото пативање на Коломбо во периодоѕ 1498 -1500 година.