Стипендии за 315 ученици Роми запишани во прво одделение

Вкупно 315 ученици Роми запишани во прво одделение во учебната 2019/20 година ќе бидат стипендирани во рамки на проектот „Редовно на часови: акција за вклучување на Ромите во основното образование“.

Конкурсот е финансиран од Европската унија, а го спроведуваат Фондацијата Отворено општество – Македонија во соработка со здружението Центар за образовна поддршка Дендо вас и фондацијата за образовни и културни иницијативи Чекор по чекор. Целта е да се обезбедат стипендии за вклучување на што поголем број деца Роми во основното образование кои редовно ќе посетуваат настава.

Конкурсот се однесува за период од една учебна година, а стипендијата од 400 евра годишно е наменета за покривање на трошоците за школување, храна, облека, училишен прибор и материјали, спортска и друга опрема за учениците.

Ќе можат да се пријават ученици Роми запишани во прво одделение во учебната 2019/2020 година, чии семејства се приматели на гарантирана минимална помош, но кои не се корисници на друга стипендија обезбедена со финансиски средства од Европската Унија. Притоа, семејствата нема да го изгубат правото на гарантирана минимална помош.
Редовните ученици, како и оние кои успешно ќе поминат во следното одделение, ќе можат да ја задржат стипендијата за тековната година и потенцијално да ја обноват за следните две учебни години.

Крајниот рок за пријавување е 10 декември, а повеќе информации за конкурсот може да се најдат на веб-страницата на Фондација Отворено општество – Македонија, потоа во просториите на Фондацијата Отворено општество, телефонски на бројот  02/2477107 или преку електронска пошта Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 82 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот