Семејството на Ружди Суљевиќ во Нови Пазар пристигнало пред 25 години. Отсекогаш имале тежок и сиромашен живот. Тој починал минатата година и целиот товар падна на неговиот син Јасмин (30) кој тешко успева да ја прехрани неговата сопруга Џењана (27) , мајка му Јагода (58) сестра му Семедина (26) и децата Ајсел (11), Емран (9) Един (8) и Дарка (5).
Тие и покрај бедата и сиромаштијата, се трудат да заработат достоинствено без социјална помош или пак питачење.
Сите од децата одат на училиште. Тие и покрај тоа што немаат ниту вода, а понекогаш и струја, секогаш се беспрекорно чисти и уредни. Тоа го зборуваат сите соседи, кој на некој начин понекогаш и материјално им помагаат.
Еднаш малата Ајсел за време на писмена работа да јаопише нејзината куќа, наместо картонска, ја опишала како двоспратна со убав двор и цвеќиња. На прашањето од наставничката дали навистина е таква нејзината куќа, таа одговорила потврдно , но само во нејзините сништа.
Инаку нејзе ја обожаваат целото 4/3 одделение а без разлика на нејзината сиромаштија никогаш не ја напуштаат и најверни другарки и се Јана Милановиќ, Ана Ацковиќ и Андреја Илиќ.
Инаку новопазарци ја знаат целата состојба со ова семесјтво и затоа во една доскорашна акција собраа средства и им ги донираа на семесјтвото Суљевиќ во висинма од околу 600 евра.