Папата Фрањо рече дека политичарите кои шират омараза кон хомосексуалците, Ромите и Евреите го потсетуваат на Хитлер.
"Не е случајност дека повторно се појавуваат симболите кои се типични на нацизмот„ рече папата во своето обраќање на меѓународната конференција за казнено право.
Тој рече дека говорот на некои одговорни лица или пак од Владата , го потсетуваат на говорите на Хитлер од 1934 и 1936 година , пренесува Ројтерс.
"Прогоните кон Евреите, Ромите и хомосексуалците , денеска се типични и се пар екселанс во културата на отфрлање и омраза. Тоа се правеше во тоа време, и денес повотрно се случува„ рече папата.
Инаку Папата Фрањо не именуваше политичари ниту држави на кои се однесува оваа критика.