Визбеговци не ги сакаат децата од поранешен „Ранка Милановиќ“ во своја близина
Оваа куќа во моментов е дом на три деца доскорешни штитеници на домот Ранка Милановиќ, сега на мал групен дом. Од неодамна се префрлени тука оти социјала одлучи дека ваквиот начин на згрижување ќе биде поефикасен во нивното воспитување.
Трите деца од поранешна „Ранка Миловановиќ“ сместени во малиот групен дом во Визбегово имаат 24 часовен надзор од стручни лица. Тука за првпат добиваат топол дом и грижа кои досега има недостасувале во животот. Неколку недели пред да се преселат децата во куќата во Визбегово се известени сите блиски соседи коишто се најдени во своите домови.
Но од друга страна жителите обвинија дека и вработени во центарот преку социјлани мрежи ги навредувале за тоа што не се согласуваат децата со проблематично воспитување да им се во близина.
Хелсиншки комитет реагира и апелира до жителите на Визбегово да покажат емпатија, разбирање и прифаќање за децата кои се селат во нивната околина, во дом кој не е институција и кој наликува на семејна средина, а што е суштински предуслов за нивна социјализација и напредок.