Формално и декларативно е дека постои политичка волја и поддршка кај оваа Влада за вистинска имплементација на стратешките документи за подобрување на состојбата на Ромите, како и за следење на сите европски препораки, меѓу кои и почитување на Европската платформа за инклузија на Ромите којашто се однесува на инклузија на Ромите.
Но дали во практика е така? Во 2018 година, застапеноста на вработени Роми во државна администрација и јавната администрација е 1,3 проценти или вкупно се вработени 1.800 Роми.
Во однос на дистрибуцијата на работни места 1,4 отсто се нераководни работни места, 0,2 проценти на раководни работни места, и 0,6 отсто се избрани или именувани лица.
Како причина за ваквата лоша процентуална застапеност мора да се потенцира т.н. Балансер за правична застапеност, која искрено се покажа како лоша алатка за помалите етнички заедници.
Во врска со комуналната инфраструктура Владата си го препишува успехот дека Буџетот за 2020 година е двојно зголемен и изнесува 40 милиони денари (околу 650.000 евра).
Колку е тоа доволно за решавање на горливите инфраструктурни проблеми кај ромската заедница ќе покаже времето.