Екипата на СП БТР Продукција ја продолжува својата филмска авантура. После Србија, Романија, Бугарија, Франција, Шпанија, Русија на ред е и Скандинавија.
Филмски документ кој ја обработува Ромската историја во која се содржани Потеклото, Миграцијата, Културата, Традицијата, Јазикот како и страдањата на Ромите и нивните прадедовци.
Викендов екипата на СП БТР Продукција е во Скандинавија каде со истакнати историчари и познавачи на Ромската култура, традиција ќе ги илустрираат своите факти за ромската историја.
Тоа подразбира нови моменти и вистини за Ромите низ историјата. Обработка на интервјуа и интересни искажувања ќе ги опфатат Ромите од Данска, Шведска, Норвешка и Финска.
Со тоа и самите гледачи ќе се запознаат повеќе за историјата на Ромите од овој дел на Европа.
Во интервјуата ќе бидат вклучени познати и признати ромски познавачи на дадените теми. Ќе се осврнат на минатото , но истовремено и на сегашноста и начинот на нивна инклузија во надалеку познатата скандинавска демократија.
Во екипата на СП БТР Продукција овој пат ќе бидат продуцентот Зоран Димов, нараторот и актер Бајрам Северџан, сценаристот Рамуш Муарем –Цирко, и техничкиот дел за кој се задолжени снимателите Исен Бајрам и Ерхан Демир.