ПОВИК ЗА ЕКСПЕРТ И ЛИЦА АНГАЖИРАНИ ЗА УЧЕСТВО ВО ИЗРАБОТКА НА ДОКУМЕНТАРЕН ФИЛМ

Отворениот повик за експерти е во рамки на проектот“Корупција во казнено-поправниот систем, низ призмата на поранешно осудени лица”,во имплементација на Здружение Ромски Деловен Информативен Центар на Македонија , суб-грант на проектот „Заедно во борба против корупција “– финансиран од Европската Унија, а имплементиран од Центарот за истражувачко новинарство СКУП МАКЕДОНИЈА од Скопје во соработка со Институтот за човекови права (ИЧП) од Скопје и Центарот за развој на медиумите на заедниците МЕДИУМ од Гостивар,” – Скопје (ИДСЦС) преку Програмата за поддршка на граѓанскиот сектор и медиумите ИПА/2017/392-518, објавуваат повик за доделување на грантови за граѓански организации (ГО) за акции во рамки на грантова шема на односниот проект.

  1. ВОВЕД

Корупцијата во правосудниот систем и затворите е добро позната работа, но  се чини истата никако не може да се спречи. За да некој зема мито, друг треба да даде. А кога еднаш ќе се нуди/бара мито, корупцијата зема замав и станува нормална работа. Со цел да се превенира и обвинените/затворениците и граѓаните да пријавуваат коруптивни случаи за да се зголеми видливоста на можни коруптивни дејствија, а истовремено и да се детектираат и истражат коруптивните практики на затворските органи, проектот има за цел да ги детектира каналите/лавиринтите на корупција.

Корупцијата е една од оние приоритети кои со години наназад се споменуваат во извештаите од ЕУ. Корупција во судство, корупција во образование, корупција во затворите. Коруптивноста на институциите е пречка за правично и праведно судство. Поради ова граѓаните имаат изгубено верба во правниот систем дека без корупција би можело да се добие правичност.

Целта на самиот проект е подигнување на свеста за постоење на корупцијата во казнено-поправните домови во Република Северна Македонија, односно детектирање на канали за корупција преку документирање на лични сведоштва за судските постапки и издржување на казна затвор на поранешни затвореници од различни ентички групи, алармирање на инситутциите и на јавноста за заедничка акција за борба против корупција во казнено-поправниот систем и поткревање на свеста за намалување на коруптивни дејствија во институциите

 

 

  1. ДЕЛОКРУГ НА РАБОТА И ИСПОРАКА

 

Правен консултант

  • Дефинирање на случаите кои ќе се истражуваат. Дефинираат случаеви на корупција односно лица со кои ќе се направи интервју и за кои ќе се истражува целокупната судска постапка и времето поминато во затворите, нивната перцепција за постоечката корупција.
  • Анализа на случаите/судските постапки
  • Подготовка на прашалници за интевјуа со лицата.Прашалниците за интервјуа со лицата ќе содржат прашања соодветни за случаите/судските одлуки и времето поминато во затвори кои ќе бидат анализирани, а лицата кои ќе бидат интервјуирани би биле оние кои на директен или индиректен начин биле инволвирани во истите.

Сценарист/режисер

  • Развој на сценарио за документарен филм.Изработката на деталното сценарио, ќе се врши и теренски активности во врска со насочените примери во документарецот, каде ќе се пронајдат засегнатите личности - ликови кој ќе бидат опфатени во истражувањето (Оштетените, затворените, нивни роднини , пријатели и сл.

Снимател и продукција

  • Подготовките за почеток на снимањето на документарецот. Снимањето на документарецот и воедно сите потребни технички услови за нивна реализација (Дозволи за снимање и сл).
  • Продукција.Целсона продуикциска реализација на целиот документарен пакет.
  • Постпродукцискиот дел.Монатажа, техичко средување на снимките, и воедно титловање на самиот документарец на еден од документарецот - нормално доколку соговорникот употребува друг јазик како мајчин освен македонскиот , и воедно со англиски превод
  • Изнајмуњаер хард диск и опрема

 

Наратор

 

  • Наратор на документарец

 

НАПОМЕНА : НАБАВКАТА Е ДЕЛИВА

 

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА АНГАЖМАНОТ

 Во договор со екпертот и проектниот тим, заклучно 31.05.2020 година.

 

  1. СОПСТВЕНОСТ

Продуктите кои ќе произлезат од ангажманот ќе останат во сопственост на РБИЦ

Експертот се согласува да не ги користи продуктите надвор од овој ангажман без претходна писмена согласност од РБИЦ.

 

 

 

  1. НАДОМЕСТ

 

Правен консултант - 225.000 денари

Сценарист/Режисер -120.000 денари

Снимател и продукција - 68.000 денари

Монтажа (користење на хард диск и опрема) - 59.000 денари

Наратор - 30.000 денари

 

  1. КВАЛИФИКАЦИИ:

 

За правен консултант:

  • Завршен правен факултет со положен правосуден испит со минимум искуство од 3 години
  • Работно искуство во областа на човекови права, недискриминација;
  • Релевантно работно искуство во областа на правна заштита и човекови права;
  • Истражувачко искуство на слична задача во регионот и особено во земјата;
  • Докажано искуство во подготовка на анализи и проценки во областа на правната заштита;
  • Одлични комуникациски и интерперсонални вештини;
  • Oдлични аналитички и вештини за пишување

 

За сценарист/режисер:

  • Претходно работно искуство напродукција/копродукција и/или подготовка на сценарио/режија

 

За снимател:

  • Претходно работно искуство наснимање на документарци
  • Да имаат одлични познавања на технологијата на работа, особено за камера и процесот на снимање
  • Познавање на работа со компјутери

 

  1. АПЛИКАЦИЈА:

Сите заинтересирани кандидати треба да достават Понуда со предложен пристап/методологија и кратка биографија која содржи соодветни квалификации и искуство, до Здружение Ромски Деловен Информативен Центар на Македонија на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. до петок, 31-ви Декември, 2019 година до 12:00 часот, со наслов: Апликација за експерт.

 

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 91 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот