Август, 1981, Скопје. Алфонс Боби Фарел, танчар, рецитатор и пејач на популарната диско-група „Бони-М" стана наш зет, земајќи ја за жена 18-годишната Јасмина Шабан од Скопје. Над 20.000 Скопјани ги поздравија младенците.
Додека Боби жареше и палеше низ Европа со групата „Бони М", Јасмина стрпливо го чекаше во неговата раскошна вила со 13 соби, која се наоѓа триесетина километри од Хановер. И така сè до први август, кога е закажана свадбата во скопскиот хотел Континентал.
Како и да е, во Скопје оваа свадба беше „хит на летото".
Неколку денови пред свадбата Боби со братот пристигна во Скопје. Веднаш покажа дека не сака контакти со новинари и фото-репортери. Беше намрштен и нервозен.
И Јасмина не сакаше многу да се слика, иако пред еден месец двајцата се смешкаа пред фото-апаратите и нашироко го рекламираа нивното венчавање.
После половина час пауза регистрацијата е сепак направена. Во придружба на сообраќајната милиција, свадбената поворка пристигна пред хотелот „Континентал", каде дури 12.000 луѓе со аплауз ги дочека новите брачни другари.
Околу 360 гости прилично мирно ја мина свадбената веслба.
Околу четири наутро гостите се разотидоа, иако веселбата беше планирано да трае до седум.