На споменикот на Шабан Бајрамовиќ во амфитеатарот на нишкиот Кеј некој поставил расклопен револвер.
Дејан Марковиќ кој ја фотографираше „новата поставка„ на Кејот вели дека веројатно станува збор за шега, но можеби има и некоја скриена порака испратена против Ромите, затоа што тој споменик веќе и претходно беше на мета на вандали.
Револверот е свртен и делува како да Шабан нишани кон делот на тврдината.
За потсетување е дека иако е еден од најпознатите Нишлии , најтешко стекнуваше признанија во својот град, иако во светот веќе ги имаше и дека беше еден од најдискриминираните личности.