Дајана Ѓуриќ има 29 години. Со оџачарство се занимава од својата девета година, а после студиите во Бања Лука се стекна со професијата – екологист. Пред неколку години се вработи како референт за ромски прашања во Владата на дистриктот Брчко.
Дајана вели дека во сето тоа што работи таа ужива. Оџачарството вели дека е нејзина прва љубов од која никогаш нема да се откаже, а истовремено си ги завршува и своите работни обврски како референт и воедно е ангажирана како активист во Здружението
„Роми на дело„
Минатат пролет нејзиниот татко Јадранко и оџачарите од БиХ организираа прв собир на оџачариво Брчко каде присуствуваа над 60 оџачари од Србија, Хрватска, Словенија, Романија, Италија, а потоа и Дијана присуствуваше на Фестивалот за оџачари во италијанскиот град Санта Марија Маџоре.
Таа планира идната година да се качи на нивната скупштинска зграда каде досега се има качено само една жена оџачар од Италија.
Таа вели дека нејзе ја мотивира позитивната енергија која ја носи во себе и прави да ја споделува со луѓето околу себе.
– Сметам дека сум таа што носи среќа и сакам да ја споделам со луѓето и да видам насмевки на нивните лица. Затоа сум и везден во движење да работам и креирам„ – вели Дајана.
Покрај оџачарството своето слободно време Дајана несебично го троши за разни активности во ромската заедница и со уште други четворица млади активисти настојува да ги мотивира Ромите да се образуваат и работат.