Бугарската партија ВМРО-БНД повторно повика на усвојување на „Концепција за интеграција на Ромите “, после уште една трагедија предизвикана од лице од ромската заедница.
Трагедијата се случи во селото Галиче кога еден 18 годишен жител од тоа село од ромската заедница ја силувал и пота ја убил една жителка од ова село.
Бугарскиот премиер Бојко Борисов наложи да се промени членот кој подразбира помала казна за малолетно лице.
„Неопходни е да се постапи така што малолетникот кој силува или убива да не се надева на гаранција дека ќе има налаување на казната„ изјави бугарскиот Парламент.
Минатат година министерот за одбрана на Бугарија и лидер на националистичката партија ВМРО-БНД Красимир Каракачанов внесе детал за концепција за промена на политиките за интеграција на ромската етничка група , која подоцна беше попозната како „Концепција за интеграција на Ромите“.
Документот подразбира укинување на гетата, мерки за спречување на криминалот, редовна вакцинација на Ромите и помош во пронаоѓање на работа. Како една од мерките во областа на здравството, партијата предложи и воведување контрола на раѓање: доброволно ограничување на раѓањето меѓу жените од маргинализираните средини, кој веќе имаат деца, вклучувајки и прекин на бременоста на сметка на државата