Минатиот викенд во Бујановац на местото Гилански пат, избувна голем пожар каде до темел изгоре куќата на семесјтвото на Даринка Куртеш, а причината беше најверојатно електричната инсталација.
За среќа жртви немаше но предиѕвикана е голема материјална штета.
Ромите од Бујановац брзо реагираа и се организираа преку социјалните мрежи за собирање на парични средства за да му се помогне на ова семесјтво.
Тие контактираа Роми поголемиот дел од дијаспората.
Планот е од собраните средства да се изгради нов дом за ова семејство. Тоа подразбира и покуќнина која сосема изгоре во големиот оган.
Според информациите од неофицијални извори до сега се собрани околу 10.000 евра ,м а акцијата продолжува и понатаму.