Државите наследнички не можат да се договорат за тоа како холокаустот треба да биде претставен во Југославија
Помеѓу септември 1941 и август 1944 година, повеќе од 20.000 луѓе од територијата на Југославија, која тогаш била окупирана од нацистите, биле транспортирани во концентрациониот логор Аушвиц-Биркенау.
Помалку од сто, претежно политички затвореници или партизани, го преживеале овој концентрационен логор.
Во 1960 година, на земјите чии граѓани биле депортирани во овој логор, им биле дадени посебни павилјони за да постават „национални изложби“.
Југословенската национална изложба била отворена во 1963 година.
Насилната смрт на Југославија за време на серијата војни во периодот 1991-1999 година, целосно го измени јавното сеќавање на Втората светска војна и холокаустот во новите држави, создадени со распадот на Југославија.
Вистинскиот, обемен и разурнувачки холокауст на југословенските Евреи и Роми остана на екстремните маргини на јавното сеќавање.
Меморијалниот музеј Аушвиц сè уште го чува местото на поранешниот југословенски павилјон, со надеж дека ќе биде поставена заедничка изложба.