Дали знаевте дека... Ромите беа први Европјани кои мораа да носат со себе лични исправи , и дека сегашната форма на пасош (патна исправа) почна да се користи по Втората светска војна!
Дали знаевте дека... дека луѓето кои беа идентификувани како „Цигани„ не им беше дозволено да склучат брак или пак да имаат љубовна врска со „ариевските„ Германци?
Дали знаевте дека... Нацистите мислеа дека Ромите и Синтите го наследиле „антисоцијалното„ однесување од своите предци , и дека децата беа фотографирани поради т.н.„превенција на криминалитетот„
Дали знаевте дека.. За војниците кога ќе се дознаеше дека се од Ромско или Синти потекло, им се дозволуваше неколкудневно домашно одсуство , за веднаш потоа да бидат уапсени дома, а не пред нивните другари војници?
Дали знаевте дека... Швајцарија во 1888 година беше една од првите европски држави која ги затвори своите граници за Ромите и Синтите?
Дали знаевте дека... Во некои делови од Средна Европа , 90% од Ромите беа ликвидирани во Холокаустот.
Дали знаевте дека.. За време на Олимписките игри во Берлин 1936 година , Синтите и Ромите кои живееа во градот , беа преместени во логорот Марзан на периферија од градот. Тие таму мораа да живеат во подвижни „вагони„ за домување. Движењето им беше дозволено доколку беа вработени надвор од тој „логор„