Истражување за Финансиската и нефинанасиска поддршка на граѓанските организации од страна на локалните власти во Република Северна Македонија.

Во рамките на проектот „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“, Здружението на финансиски работници од локалната самоуправа и јавните претпријатија (ЗФР), во соработка со Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА) – Скопје и Европското движење подготви истражување за финансиската и нефинанасиска поддршка на граѓанските организации од страна на локалните власти во Република Северна Македонија.

 

Најзначајните наоди од истражувањето се:

 

93% од општините доделуваат средства на граѓански организации;

80% од општините сметаат дека проектите што се реализираат од страна на граѓанските организации обезбедуваат пошироки користи за граѓаните и општеството;

70% од општините имаат практика да соработуваат со граѓанските организации во делот на реализација и имплементација на проектите;

67% од општините ги немаат утврдено приоритетните области за доделување средства на граѓанските организации;

56% од општините објавуваат јавни повици за доделување финансиски средства на граѓанските организации. а објавувањето најчесто се врши преку интернет-страницата на општината, локалните интернет-портали и локалните телевизиски и радиостаници;

50% од општините немаат посебен сектор за соработка со граѓанските организации и најчесто имаат задолжено лице за соработка кое припаѓа на некој друг сектор (локален економски развој, правен сектор, сектор за јавни дејности и други сектори);

40% од општините промовираат соработка со граѓанските организации преку обезбедување нефинансиска поддршка.

80% од општините бараат од граѓанските организации да поднесат извештај за проектите кои биле финансиски поддржани од општината;

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 99 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот