Демолирана канцеларијата и украден целиот канцелариски инвентар на ЦРРЗ „Баирска светлина“

Центарот за развој на ромската заедница (ЦРРЗ) „Баирска Светлина“ искажува длабока загриженост за безбедносната состојба, особено во населбата Баир поради последното случување во просториите на здружението и Месната заедница „Димитар Влахов“ кое беше мета на крадци и хулигани. Во текот на новогодишните празници во период од 01.01.2020 до 06.01.2020 година беше демолирана канцеларијата и украден целиот канцелариски инвентар.

 

„Овој не е прв случај и обид, за што претходно во неколку наврати беа кршени прозорци и врати, а на ѕидовите беа испишувани недолични графити. Ваквите аберативни однесувања за жал не беа казнувани од страна на недлежните институции, а загрижува фактот што само се евидентират а не се преземат мерки по однос на ваквите случаи.

 

Сепак, за случајот во Министерството за внатрешни работи – Битола има пријава и постапено е од страна на полициски службеници, согласно надлежностите со што беше пополнат Записник и постапката е во тек.  

 

Во тој контекст, бараме од институциите надлежни за одржување на граѓанскот ред и јавната безбедност соодветно и навремено да преземат чекори за сузбивање на криминалните и аберативни случаи и воспоставување нормален и мирен тек на работите, како навремено и одговорно да се преземат чекори за контрола и воспоставување јавна сигурност и безбедност потребна за непречено функционирање на здружението и месната заедница во Баир, Битола“, реагира во писмена реакција Ремзи Медик, претседател на Баирска Светлина.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 257 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот