Унгарија: Ромите умираат , затоа што првата помош одбива да влезе во населбата, без полицијска придружба

Градоначалинкот на  местото Сенетјеа - Csenyétea, мало село во Унгарија. Иштван Кис István Kiss, вели дека Ромка почина минатата седмица , затоа што возачот на брза помош одби да влезе во ромското село без полицијска придружба.

Кис оваа постапка ја осудил како дискриминаторска , и преку медиумите порача дека ќе подигне законска постапка. Уште поголема контраверзност е дека медиумските кучи кои се симпатизери на десницата, ја искористија оваа трагедија како доказ дека сепак во Унгарија има места кои треба да се избегнуваат.

 

Началникот Кис преку видео на Фејсбук соопшти дека во попладневните часови беше информиран дека еден од селаните се онесвестил и дека нема пулс. Според неговите зборови, тој реагирал најбрзо каде својот сосед го пренесол до комбето за брза помош кои се наоѓал на самиот влез на селото, каде возачот не сакал да влезе во селото без полициска придружба. За жал животот на ова лице неможеше да се спаси.

 

Во контрадикторно соопштение на Националната служба на брзата помош, се вели дека е потребно полициско обезбедување , затоа што брзата помош примила заканувачки и насилни телефонски повици. Во изјавата за информативниот број 444 , службата ги отфрла тврдењата за дискриминација , затоа што како што велат „основна вредност на спасителот е рамноправност, и нашата задача е да дадеме најдобрата можна помош и услуга на сите на кој им е потребна„

 

Началникот сепак е уверен дека станува збор за дискриминација , затоа што вели, наредбата на власта им налага на службениците да не одат во ромските куќи без полициска придружба.

 

„Ова нема да го заборавиме , ќе ја бараме правдата преку Судот. Ова не е вина на луѓето од брза помош, дадени им се инструкции дека не смеат да доаѓаат во ромски населби без полициска придружба„истакна Кис.

Од ЕРРЦ (Еверопскиот центар за правата на Ромите), се дознава за дадената изјава на еден од педијатрите од градот Арло кој вели:

„Кога повикуваат брза помош, звучат многу арогатно. Искрено не сакам да зборувам со нив. Повикуваат медицинска кола без причина. Некој кашла дома, а тие не сакаат да одат на лекар затоа што имаат пет деца дома. Нима полесно им е да повикаат лекар да дојде дома кај нив.”

Некои лекари на прашања од ЕРРЦ отворено изјавија дека познаваат свои колеги од брзата помош кои често не реагираат на повиците од Ромите , со претпоставка дека не се работи за итни случаи.

 

Сите околности укажуваат на пошироко регионално прашање за ускратување на брзата медицинска помош на Ромите во одвоените населби , додека началникот од ова село го потврди , дека ова не е прв инцидент од овој тип. Пред неполна година , петгодишно ромско дете почина под слични околности.

 

Link: http://www.errc.org/news/romani-man-dies-while-paramedics-stall-at-the-outskirts-of-the-poorest-village-in-hungary

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 295 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот