Околу стотина жители од нишката населба „12 Фебруари„ излегоа на улица на протести носејќи транспаренти и го стопираа сообраќајот односно регионалниот пат Е 771 , негодувајќи поради исклучената електрична енергија.
На лице место интервенираше и нишката полиција кој протестантите ги помести од овој регионален пат. Преставниците од оваа населба, по направениот разговор со полицијата го прекинаа протестот поради непријавување на собирот.
Во населбата живеат околу 100 семејства и испораката на електрична енергија е прекината од пред две недели, поради наводно „дефект на инсталацијата„
Екипата на електродистрибуција излезе на терен, но не интервенираше поради огромен долг и нема основа за повторен приклучок.
Во меѓувреме Ромите од оваа населба имаа средба и со градоначалникот на Ниш, Дарко Булатовиќ и со директорот на ЕПС, но немаше постигнат договор.
Граѓаните најавија нови протести и инсистираат на средба со локалната самоуправа и преставници на Електродистрибуција, , а истовремено очекуваат подршка од ромските активсти во решавање на овој проблем.