Државата ќе отпише над 10 милиони евра долгови на граѓаните

Собранието го изгласа законот за отпис на камати и репрограмирање долгови и трошоци на физички лица, со што над 10 милиони евра долгови на граѓаните ќе бидат отпишани, соопшти Министерството за правда.

 

Со законот се бришат каматите на сите предмети што се дадени за извршување заклучно со 31.12.2017 година од страна на јавни и државни претпријатија или државни органи и установи.

 

Со законот се предвидува и репрограмирање на долгот, односно плаќањето на главниот долг да биде на рати. Колку е поголем долгот, толку ќе се зголемува рокот на отплата, односно ќе се исплаќа на повеќе рати.

 

„Во однос на репрограмирањето, со новото законско решение се предлага плаќањето на главниот долг и трошоците во постапките пред судот, нотарот и извршителот да се врши во месечни рати, во зависност од висината на долгот и трошоците.

 

Доверителите што се во државна или јавна сопственост, по сила на овој закон, се должни да направат целосeн отпис на каматите и репрограмирање на главниот долг и трошоците во рок од три месеци од денот на стапување во сила на овој закон“, појаснуваат од Министерството.

 

Доверителите што се во приватна сопственост, отписот на каматите, како и репрограмирањето на главниот долг и трошоците, го вршат на доброволна основа.

Законот, кој вчера беше изгласан, ќе стапи во сила осмиот ден од денот на објавување во „Службен весник на Република Северна Македонија“.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 85 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот