Првааа позната фотографија во боја на подрачје на некогашна Југославија , ја преставува ромско дете на улица, кој во рацете држи виолина. Името на ромското дете, како и локацијата и понатаму е непозната. Фотографијата носи наслов „Ромче со виолина„ а годината кога е направена е 1907 или 1908.
Снимена е со техника автохром, а во јавноста ја изнесоа браќата Лимиер од својата фабрика во Лион минатата година.
Нејзиниот автор е Ѓорѓе Станојевиќ , српски физичар, астроном, ректор на Универзитетот во Белград, кој е роден во Неготин во 1856 година, а починал во Париз во 1921 година. Станојевиќ во Србија е познат и кој ја осветлил Србија.
Својот живот и работа го посветил во развој на науката. Тој беше пионир на електрификација и индустријализација на Србија, автор на повеќе научни дела од полето на астрофизиката, и автор на гореспоменатата фотографија.
Благодарение на неговиот ангажман, Белград во 1893 година доби термоелектрана , а српската престолнина беше помеѓу првите кои имаа електрични трамваји и осветлување.
Link: https://www.ngportal.rs/djordje-stanojevic-naucnik-koji-je-osvetlio-srbiju/