Советниците од градот Скопје и Црвен крст ги посетија опожарените семејства од Шуто Оризари, при што ги известија семејствата за одлуката на Град Скопје која на 49-та седница одлучија да доделат по 100.000 ден за целосно опожарените семејства и по 50.000 ден за делумно опожарените семејства.
Во рамки на посетата, од страна на Црвениот Крст исто така беа поделени пакети со хигиенски средтсва и храна за семејствата.
Меѓу другото, со своја изјава за Рома Прес даде Советнико Ерџан Селими, кој го изрази своето задоволство и благодарност до градската администрација, која наиде на разбирање за опожарените семејства за доделувањето на еднократна парична помош.