Поповод неодамнешниот инцидент помеѓу контролорите на ЈСП и студентот Сирхан Усеин, како и реакцијата на повеќе ромски активисти, а воедно и незадволството од изречените мерки од страна на ЈСП кон контролорите и демантот дека не станува збор за дискриминација, група на ромски активисти и граѓани се одлучија и најавија протест пред ЈСП во четврток на 13.02. со почеток од 16 часот.
Во соопштението и најавата за протест меѓу другото се вели: „ Уште колку студенти, студентки, млади, стари, возрасни и останати се почувствуваа загрозени, понижени и омаловажени поради насилното однесување на контролорите на ЈСП?
Доста е веќе дискриминација, доста е од силеџии, доста е од сексуални навреди и напади, доста живееме ограничено. Институциите секогаш се оградуваат од дискриминацијата и дека тоа кај нив не постои, а сведоштвата на граѓаните сепак не велат така и тие секојдневно живеат во страв.
Доста е! Придружете ни се на овој протест, денес СИРХАН е жртва, утре ќе бидеш ти ако не се бориме денес. Ајде да му покажеме на ЈСП дека за омразата и стравот нема повеќе место во оваа држава.
Преку овој протест:
1. Бараме отпуштање на двајцата контролори кои го нападнаа на Сирхан Усеин
2. Зголемена внатрешна контрола кој ќе го регулира
3. Бараме вработувања на Роми контролори„ – се вели во ова соопштение.