Чешка: Продавачка во книжарница добила отказ поради навредување Ромка

Ланецот книжарници „Kanzelsberger„ во Чешка одлучи да ја отпушти продавачката која на Twitter расно ја навредуваше ромската колешка каде потоа имаше и други расистички коментари.

Минатата недела Даниел Хуле од организацијата „Луѓе во потреба„ (“Ljudi u potrebi”) ги споделило спорните објави со прашање дали книжарницата ќе го толерира ова однесување.
Од книжарницата одговорија дека господинот Канцелсбергер смета дека ова однесување на продавачката е неприфатливо и таа повеќе нема да работи за таа компанија.

Жената чиј Твитер налог е под името „Тереза Барт„ објавила дека „и прошетката во квартот Цејл во Брно би била многу попријатна од подучување на Циганка на работа„.

Ѓената продолжила со своите расистички навреди. „ На крајот сите знаат дека нормалната боја е бела„ напишала таа.

Фирмата се дистанцира од мислењата на својата вработена.
“Нејзиното однесување беше несоодветно со хуманиот однос. Не смее да ги навредува своите колеги. Ова не е ставот на компаниата кон малцинствата„ напомена Јана Кмунчикова , одоговорна во службата на маркетинг.

Целата состојба предизвика полемика во Чешка , посебно на социјалните мрежи. Додека едни го осудуваа однесувањето на продавачката, а други велеа дека отказот е строга казна.

Новинарката Саша Ухлова во својот коментар за отказот на продавачката била утеха за оние кои беа повредени од нејзиниот коментар.
Но дополни дека за жал тоа нема да ја намали дискриминацијата со која се соочуваат Ромите.
Ухлова напиша дека дискриминацијата е присатна и дека „ги уништува животите на Ромите во Република Чешка„

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 215 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот