Унгарија не сака да плати отштета на Ромите жртва на сегрегација

Апелацискиот суд во Дебрецин во својата конечна одлука утврди дека од 2004 до 2017 година учениците од ромска националност во основното училиште во Гионгушпата учеас одвоено, и дека со оваа сегрегација беа повредени нивните права.

Унгарската влада вложи жалба на одлуката на судовите каде е дадена наредба да платат отштета на ромските деца кои беа жртва на сегрегацијата.
Оваа форма на сегрегација се случуваше долго години наназад во Гионгушпата во северозападниот дел на Унгарија.

Бенце Ретвари министер за човечки ресурси во средата на прес конференцијата истакна дека основниот и аплацискиот суд ги „игнорираа доказите„ кои ги приложија училиштето и месната заедница.
Тие докази наводно докажувале дека не е сторена никаква штета врз жртвите на оваа дискриминација.

Тој рече дека Владата е подготвена да ја превземе законската обврска и да им понуди на оштетените „Курсеви за обука„ односно „ Образовна програма„ . Овие програми ќе бидат во нефинасирана форма на компензација, затоа што владата е против исплата во кеш.

Како се ова започна. Во 2011 година кога комесарот за правата на малцинствата Ерно калаи го објави извештајот каде се утврди дека ромските ученици биле физички сегрегирани во основното училиште Нексеи Деметер во Гионгушпата.

Во документацијата се тврди дека ромските деца во основното училиште беа одвоени од децата нероми. Децата дури биле незаконски одвоени и во наставата за пливање.

Врз основа на овие документи Фондацијата „Шанса за децата„ (CFCF) поднесе тужба . Основниот суд во Егер во 2012 година донесе пресуда дека на тие ученици им се даваа послаби услуги.

Судот исто така донесе одлука, дека во следната учебна година , да ја прекине оваа практика.

Споменатат пресуда на судот подоцна ја подржаа и Мтерополитанскиот и Врховниот Суд. Тие побараа и парична отштета за тие ромски деца.

Апелацискиот суд во Дебрецин во својата конечна одлука утврди дека во периодот од 2004 до 2017 година ромските деца учеа одвоено и судот одреди училиштето и месната заедница ќе мора да исплатат вкупно 100 милиони форинти (300.000 евра) како отштета.

Link: http://www.portal-udar.net/madjarska-ne-zeli-platiti-odstetu-romima-zrtvama-segregacije/

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 207 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот