Едно ново секојдневие: Коронавирусот промени сѐ, сега живееме во потполно нов свет

Светот денес многу се разликува од тогашниот: во сѐ повеќе земји има карантин, хаотични гранични контроли, пренатрупани болници, затворени училишта, градинки и факултети, пусти улици, лекари и медицински лица во заштитни одела, полупразни полици и редови во маркетите, а затворањето дома е дел од новото секојдневие.

 

Карантин, самоизолација, општествено дистанцирање и намалување на контакти, стапка на смртност, загрозена популација, тестирање, паника и кризни резерви, пак, се дел од новиот вокабулар. Сите ја следиме дневната евиденција на бројот на заразени во нашата земја, но и во целиот свет.

 

– Ролетните се спуштаат над цела Европа…Можеби влегуваме во мрачен, недоброволен социјален експеримент кој ги открива секојдневните навики и практики кои ќе ни недостасуваат ако се искоренат и кои би можеле да исчезнат изненадувачки лесно – ја опишува вонредната ситуација колумнистката на „Гардијан“, Габи Хинслиф.

 

А сигурно ќе нѐ освести и фактот дека денес светот навистина е потесно поврзан во однос на било кога, дека не можеме да се изолираме и да сакаме и дека предизвиците со кои се соочуваме се заеднички, бидејќи вирусот не познава граници и културни бариери. Ќе ја поттикнеме и, се надеваме, солирадноста на своите сограѓани како и одговорноста, пред сѐ кон себе и своето семејство, а потоа и според целото општество во целина. И тоа несомнено ќе биде позитивната последица од оваа катастрофа.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 80 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот