Коронавирус во светот зарази повеќе од 160.000 луѓе – тој не ги заобиколи и врвните спортисти

Од новиот коронавирус до сега ширум светот починаа повеќе од 6.400 луѓе, додека повеќе од 160.000 се заразени. 

 

Вирусот е присутен на сите континенти освен на Антартика, а многу земји како заштитна мерка ги затворија границите.

Во САД има заболено 3482 лица, додека 65 починале, пренесува СНН.

 

Во Европа најлошо е во Италија каде минатата недела починаа 368 лица, што е најголем број на смртни случаи до сега, а вкупно настрадале 1809 лица, пренесува „Ројтерс“ и наведува дека има 24.747 заболени од коронавирусот.

 

Веднаш зад Италија е и Шпанија и Франција, каде заразени се 7.753 лица, односно 5.423.

Во Шпанија од Ковид- 19 починале288 лица, а во Франција 127.

 

Во копнениот дел во неделата се поттврдени 16 нови случаеви, додека ден претходно имало 20 нови случаеви.

 

Вкупниот број на заразени во Кина е 80.860, а излечени се 67.749 пациенти, наведува ББЦ.

 

Во Јужна Кореја пак се потврдени 74 нови случаеви со што вкупниот број е 8.238.

Јапонското министерство за здравје соошти дека ширум светот има околу 15 жаришта на зараза.

 

Најголемо жариште е во Осака, каде има заразено повеќе од 50.000 луѓе. Додека пак во Гватемала е забележан првиот смртен случај.

 

Пандемијата на коронавирусот доведе до најголемото запирање на глобалниот спорт по Втората светска војна, при што постои реална можност да се одложат и двете најголеми натпреварувања оваа година: Европско фудбалско првенство и Олимписки игри во Токио.

 

Коронавирусот не ги заобиколи ниту врвните спортисти, па неколкумина веќе објавија дека имале позитивен тест, а цели клубови доброволно се ставија во карантин.

 

НБА-лигата беше суспендирана откако беше потврдено дека е заразен играчот на Јута џез Руди Гобер, а после него позитивен тест имаа и неговиот соиграч Донован Мичел и Кристијан Вуд, кошаркар на Детроит пистонс.

 

Цел Јувентус се стави во карантин откако бекот Даниеле Ругани имаше позитивен тест, а познати случаи во англиската Премиерлига се тренерот на Арсенал Микел Артета и играчот на Челзи, Калум Хадсон-Одои.

 

Сампдорија потврди дека петмина негови фудбалери имаат коронавирус, а во тимот на Фиорентина има три случаи.

 

Бекот на Валенсија Есекиел Гарај вчера стана прв заразен фудбалер во шпанското првенство.

 

Данскиот репрезентативец и олимписки шампион Мадс Менсах Ларсен е првото големо име во ракометот заразено со КОВИД-19.

Pin It
FaLang translation system by Faboba

Од 5 Ноември 2022 достапен документарниот филм на СП БТР „Небо, Точак, Земја„ на Max TV и Max TV GO со пребарување –Видеотека

Сакам да речам

6-to Romano Čhavorikanoo muzikakoro festivali 
„Čhavorikano Suno 2022“ – SP BTR

6-ти Ромски Детски музички фестивал
„Детски Сон 2022„ – СП БТР

6th Romani Children's Music Festival
"Children's Dream 2022" - SP BTR

Momentalno Online

Имаме присутни 588 посетители кои го читаат ROMATIMES.NEWS

o Vakti

 booked.net

Најпопуларни

Golden Wheel - Entry Application Form

Flag Counter

Нашиот бројач брои од 13.01.2019
Брои исти посетители од кои земји го гледаат нашиот портал
Најдоле има вкупно колку е посетен порталот